Балкан
5. April 2021 - 9:32

Кон: Кој ќе избере да не се вакцинира, го избира вирусот

 Епидемиологот Предраг Кон денеска изјави дека во Србија се смирува ширењето на заразата со коронавирусот и оти бројот на заразени лица ќе се намалува, јави Бета.

Кон за РТС изјави дека бројот на новозаразени сè уште е висок, но оти има стабилизација „на високо ниво“.

– Во Белград се гледа јасен пад. Од друга страна, требаше некому да му се дозволи да работи, рече епидемиологот, по повод отворањето на терасите на кафулињата.

Кршењето на антипандемиските мерки тој го опиша како „пркос и инает“, наведувајќи дека тоа служи „само за намалување на моралот на здравствените работници“.

На прашањето како може да се намали кршењето на мерките, тој изјави дека не го знае начинот, но оти „сила не доаѓа предвид“.

Кон рече дека се размислува за враќање на настава со физичко присуство, затоа што бројот на заразени ученици се намалува.

Тој додаде дека таквата мерка не е донесена затоа што во некои земји учениците се заразиле по укинувањето на онлајн часовите.

Според него, во Белград сè уште им анајголем број вакцинирани .

– Кој ќе одлучи да не се вакцинира, го избира вирусот, рече Кон и процени дека е прашање дали невакцинираните граѓани ќе го добијат вирусот „за една недела или за еден месец“.