Балкан
12. February 2021 - 17:58

Кон: Британската мутација на коронавирусот во Србија веројатно е поприсутна отколку што знаеме

Британската мутација на коронавирусот веројатно е поприсутна отколку што знаеме, изјави денеска српскиот епидемиолог Предраг Кон, објаснувајќи дека Србија нема капацитет за секвенционирање.

Тој на прес-конференција рече дека проценката на присуството на вирусот ќе се забележи со зголемувањето на бројот на заразени лица.

– Токму она што се случува во Врање може да укаже дека британската мутација веројатно е поприсутна отколку што знаеме, рече Кон.

Во Врање е регистрирано зголемување на бројот на луѓе болни од Ковид-19, и градот сега се смета за жариште на коронавирусот во Србија.