Македонија
8. August 2019 - 16:41

Комунална Хигиена и Општина Чаир со посебни мерки за Курбан Бајрам

Отпадот од животинско потекло, кој се фрла за време на верскиот празник Курбан Бајрам, граѓаните да го одлагаат во посебни садови, кои ќе бидат поставени на неколку локации во Скопје.

Апелот го упатија од Комунална хигиена, велејќи дека досегашното неконтролираното одлагање органски отпад претставува загрозување на здравјето на граѓаните, но и на животната околина.

Специјалните садови во кои верниците ќе можат контролирано и правилно да го одложат отпадот од животинско потекло ќе бидат поставени во општините Чаир, Шуто Оризари, Бутел и Сарај.

Апел да не се фрла отпадот од животинско потекло упатија и од скопското муфтиство. Оттаму ги потсетуваат верниците дека чинот не е во согласност со религиските пракси. 

Со цел да се подигне јавната свест на граѓаните, во пресрет на Курбан Бајрам комуналците извршија и миење на верските храмови.