Ракомет
8. December 2016 - 16:19

Kомплетирано второто коло на Европското првенство за ракометарки

 На женското Европско ракометно првенство што се одржува во Шведска комплетирано е второто коло од групната фаза. 
 
Норвешка забележа убедлива победа против Хрватска со 34:16, во натпреварот од Д групата во која претходно Романија ја победи Русија со 22:17. 
 
Во групата Ц, ракометарките на Данска беа подобри од Унгарија со 23:19, додека во првиот меч од истата група, Црна Гора ја совлада Чешка со 28:27.
 
Табела Ц група: Данска 4 бода, Чешка 2, Црна Гора 2 и Унгарија 0. 
 
Табела Д група: Норвешка 4, Романија 2, Русија 2 и Хрватска 0. 
 
Денеска на Европското првенство на програмата се натпреварите од 3.коло во А и Б групите:
 
А група: Шпанија – Словенија и Шведска – Србија.
 
Б група: Германија – Полска и Холандија – Франција.