Кошарка
9. March 2017 - 16:42

Комплетирани полуфиналните двојки во кошаркарскиот Еврокуп

 Познатои се четирите екипи кои ќе играат во полуфиналето на Еврокупот односно второто по квалитет европско кошаркарско клупско натпреварување. 
 
Откако Уникаха на гости во Минхен го совлада Баерн со 74:69, а Валенсија пред своите симпатизери победи против Химки Москва со 92:76, во мајсторките од четвртфиналната рунда, познати се сите четири тима кои ќе играат во полуфиналето на Еврокупот. 
 
Така, за место во финалето Валенсија ќе се бори против Хапоел од Ерусалим, додека Локомотив Кубан за противник ќе ја има екипата на Уникаха. 
 
Полуфиналната серија се игра во два добиени натпевраи. 
 
Првите средби ќе се играат на 14 март, реваншите на програмата се на 17-ти, додека евентуалните мајсторки ќе се играат на 22 март.