Loading Video...
Тенис
23. January 2019 - 12:20

Комплетирани полуфиналните двојки на Австралија Опен

Во Мелбурн полека се ближи завршницата на првиот Гренд Слем годинава Австралија Опен.

Новак Ѓоковиќ и Лукас Пуил ја комплетираа втората полуфинална двојка на машкиот дел од турнирот во Мелбурн. 
 
(2.носител) Ѓоковиќ место меѓу четворицата најдобри обезбеди откако неговиот противник во четвртфиналето Јапонецот, Кеи Нишикори го предаде мечот во вториот сет при водство на Србинот од 6-1 и 4-1. Тој во полуфиналето ќе игра против Французинот, Лукас Пуил ко со 3:1 го победи (8) Канаѓанецот, Милош Раониќ. 
 
Првиот полуфинален пар го сочинуваат (2) Рафаел Надал и Стефанос Циципас од Грција. 
 
Кај дамите. 
 
(7-фаворитка) Каролина Плишкова од Чешка со голем пресврт ја победи Американката, Серена Вилијамс која при водство од 5-1 во гемово во решавачкиот трет сет, пропушти четири меч топки, па Плишкова по 2 часа  и 12 минути игра го доби мечот со 6-4, 4-6 и 7-5. 
 
Нејзината противничка во полуфиналето (4) Наоми Осака од Јапонија во два сета ја победи Украинката, Елина Свитолина (6). 
 
Во второто полуфинале ќе играат 8-та носителка Петра Квитова од Чешка и Американката, Колинс