Loading Video...
Спорт плус
19. September 2018 - 14:01

Комплетирани групите за втората фаза на СП

На Светското одбојкарско првенство за мажи што се одржува во Италија и Бугарија, откако вчера беа одиграни последните дуели од првата фаза по групи, денеска и утре е слободен ден. 
 
Селекцијата на Аргентина е последниот патник во втората фаза на машкиот одбојкарски Мундијал. 
 
Иако „Гаучосите“ синоќа беа поразени во пет сета од Јапонија сепак тоа не беше доволно „самураите“ да минат во наредната фаза во која ќе бидат формирано нови четири групи од кои првопласираните селекциите, како и двете најдобро второ рангирани, ќе обезбедат место во четвртфиналето
 
Само три репрезентации, и тоа, Италија, САД и Полска првиот дел од шампионатот го заокружија со максимални пет победи. 
 
Потсетување бранител на шампионскиот трофеј е селекцијата на Полска. 
 
 
Е група: Италија 15 бодови, Холандија 11, Русија 10 и Финска 6. 
 
Ф група:  Бразил 11, Белгија 10, Словенија  9 и Австралија 7.
 
Г група:  САД 13, Иран 11, Бугарија 9 и Канада 9.
 
Х група:  Полска 15, Србија 12, Франција 11 и Аргентина 6.