Loading Video...
Кошарка
6. April 2019 - 14:26

Комплетирани двојките за четвртфиналето во Евролигата

Со одигрувањето на натпреварите од последното 30.коло, комплетирани се четвртфиналните двојки во кошаркарската Евролига. 
 
Најдобрите осум тима кои изборија пласман во плејофот, борбата за место на завршниот Фајнал-фор турнир ќе ја започнат на 16 април. 
 
Во четвртфиналето кое се игра на три добиени натпревари ќе се сретнат: 
 
Актуелниот шампион Реал Мадрид за противник ќе го има  Панатинаикос. Минатогодишниот финалист Фенербахче ќе игра против Жалгирис, додека московска ЦСКА ќе има тешка задача во дуелот со Басконија која ќе ја има улогата на домаќин на завршницата. Во последниот пар ќе се сретнат Анадолу Ефес и Барселона.
 
Завршниот турнир од годинашното издание на Евролигата ќе се игра во шпанскиот град Виторија на 17 и 19 мај.