Loading Video...
Ракомет
2. April 2018 - 16:54

Комплетирани двојките за 1/4 финалето во Лигата на шампиони

Комплетирани се четвртфиналните двојки во машката ракометна Лига на шампиони. 
 
Македонскиот и актуелен европски првак Вардар за место на завршниот фајна-фор во Келн ќе се бори со германскиот тим Кил кој во осминафиналето беше подобар од унгарски ПИК Сегед. 
 
Првиот меч црвено-црните ќе го играат на гостински терен во Германија во периодот од 18-22 април, додека реванш дуелот во Скопје треба да се одигра седум дена подоцна (25-29 април). 
 
Во останатите четвртфинални дуели, ќе се сретнат полскиот Килце и минатогодишниот финалист ПСЖ кој како и Вардар беше слободен во осминафиналето. 
 
Кирил Лазаров и неговиот Нант за влез во големата четворка ќесе борат со пријатното изненадување Скјерн, а последниот патник во Келн ќе го даде подобриот од двомечот Фленсбург – Монпеље.