Ракомет
11. December 2017 - 9:25

Комплетирани два четвртфинални пара на СП за ракометарки

Светското првенство за ракометарки што се игра во Германија познати се првите два четвртфинални пара. Репрезентациите на Шведска и на Данска им се приклучија на селекциите на ати се Црна Гора и на Франција во четвртфиналето на 
 
Данска во осминафиналето го победи домаќинот Германија со 21:17. Првото полувреме кое Данките го добија со 11:7 го одлучи победникот на овој дуел. На вториот натпревар одигран синоќа, Шведска беше убедлива против Словенија славејќи триумф со 33:21.
 
Покрај Шведска и Данска во четвртфиналето меѓусебно ќе играат и Франција и Црна Гора селекции кои во осминафиналната рунда ги елиминираа домаќинот Германија односно селекцијата на Србија. Победниците од овие четвртфинални мечеви кои на програмата се утре ќе играат во првиот полуфинален меч. 
 
Денеска пак ќе се играат преостанатите осминафинални средби: Романија – Чешка, Русија – Јужна Кореја, Јапонија – Холандија и Шпанија – Норвешка.