Ракомет
12. December 2017 - 8:30

Комплетирани четвртфиналните парови на СП за ракометарки

Репрезентацијата на Холандија e последната која обезбеди пласман во четвртфиналето на СП за ракомететарки што се одржува во Германија,
 
Холанѓанките во неизвесен меч во кој се играа и продолженија ја совлада Јапонија со 26:24, откако регуларниот дел заврши нерешено 20:20.
 
Тие во следната фаза ќе играат против Норвешка лесно со 31-23 ја победи  Шпанија .
 
Во четвртфиналето денес играат: Шведска – Данска (17:30 часот) и Франција – Црна Гора (20:45).
 
Утре на програмата се дуелите Чешка – Холандија (17:30) и Норвешка – Русија (20:30).