Тенис
23. јуни 2017 - 10:02

Комплетирани четвртфиналните двојки во Хале

 

 Швајцарецот Роџер Федерер е последниот тенисер кој избори учество во четврфиналето на трунирот од серијата 500 во германскиот град Хале.
 
Федерер вчеравечер го победи Миша Зверев од Германија со 2-0, по сетови 7:6 и 6:4.
 
Четвртфиналните мечеви на програмата се денес. Двојките се:
 
Карен Качанов (Русија) – Андреј Рубљев (Русија) почеток 12 часот;
 
Ришар Гаске (Франција) – Робин Хасе (Холандија) почеток 13:30 часот;
 
Роџер Федерер (Швајцарија) – Флоријан Мајер (Германија) почеток 15 часот;
 
Роберто Баутиста Агут (Шпанија) – Александар Зверев (Германија) почеток 17:30 часот