Ракомет
25. July 2019 - 9:02

Комплетирани четвртфиналните двојки на младинското СП

Комплетирани се четвртфиналните парови на Светското младинско првенство што се одржува во Шпанија. 
 
Во осминафиналната рунда дури пет од осумте дуели завршија со еден гол разлика. 
 
Најнеизвесно беше на средбата Португалија – Германија каде победникот беше решен по продолженијата, а пласман во четвртфиналето обезбедија Португалците со триумфот од 37-36. 
Со голот на Ноа Годен во последните секунди Франција го совлада домаќинот Шпанија со 24-23. Со идентичен резултат 30-29 завршија средбите меѓу Египет и Србија, односно Данска и Унгарија, додека Норвешка го победи Бразил со 29-28. 
 
Сигурни победи славеа Словенија над Јужна Кореа со 32-28, Тунис кој ја совлада Шведска со 29-26, а најубедливи беа младинците на Хрватска кои со 29-16 го поразија Исланд 
 
 

Така во четвртфиналето на Мундијалот, кое на програмата е денеска ќе играат: Португалија – Словенија и Египет – Норвешка во терминот од 18:45 часот, односно Франција – Данска и Тунис – Хрватска од 21 часот