Loading Video...
Кошарка
9. September 2019 - 18:18

Комплетирани четвртфиналите двојки за СП

 
САД – Франција и Австралија - Чешка, ќе играат во четвртфиналето на Мундобаскетот во Кина. 
 
Ова е епилогот по денешните одиграни дуели во осминафиналните групи во кои во директна пресметка за место меѓу осумте најдобри, Грција забележа пирова победа над  Чешка со 84-77, но недоволно да се пласира во четвртфиналето.
 
А, во него Чесите за противник ќе ја имаат Австралија која беше подобра од Франција со 100-98 и го освои првото место во својата група. „Триколорите“ пак во четвртфиналето кое на програмата е во среда ќе играат против Американците.  
 
Утре на програмата се првите натпревари од четвртфиналето во кпои за место во големата четворка ќе се борат Аргентина – Србија и Шпанија - Полска.
 
Распоред на  1/4-финалните натпревар  
 
Вторник (10 септември), 
АРГЕНТИНА - СРБИЈА (од 13 часот)
ШПАНИЈА - ПОЛСКА (од 15 часот)
 
Среда (11 септември) 
САД - ФРАНЦИЈА (од 13 часот)
АВСТРАЛИЈА  -  ЧЕШКА (од 15 часот)
 
Паровите за полуфиналните натпревари кои на програмата се во петок  (13 септември) ќе ги дадат победниците од дуелите: Аргентина - Србија и САД - Франција (од 13 часот), односно Шпанија - Полска и Австралија -  Чешка  (од 15 часот)
 
Додека поразените ден порано (четврток 12 септември) ќе разигруваат за пласман од 5 до 8 место. 
 
Дуелите за медал се закажани за во недела (15 септември) и тоа од 10 часот ќе започне мечот за 3.место, а големото финале ќе стартува од 14 часот.