Македонија
30. July 2021 - 12:21

Комплетиран проектот „Прилеп – градот народен херој за време на НОБ“

Синоќа во фоајето на Домот за култура „Марко Цепенков “ во Прилеп се одржа завршниот настан на проектот „Прилеп – градот народен херој за време на НОБ“ на кој што беа промовирани 360° виртуелни прошетки и документарни видеа за: Меморијалниот музеј „Кузман Јосифоски “ – Питу, Меморијалниот музај „11 Октомври 1941“ и спомен паркот на Револуцијата. Исто така, настанот беше збогатен со изложба на фотографии од овие историски објекти. 

„Имено во самиот проект на Владата беа наведени кои се поддржуваат со повикот, меѓу кои беа и тоа дека ќе се поддржуваат активности поврзани со историски настани кои се однесуваат на државноста, незавиноста и развојот на нашата држава, меѓу тие активности беше наведена и НОБ, па од тука дека Прилеп е единствениот град во нашата држава кој го има добиено највисокото признание „Орден Град Народен херој“ тоа за нас беше дополнителен поттик и мотивација да организираме и реализираме еден ваков проект. Со ова се збогати фото и видео промоцијата на историското наследство на Општина Прилеп“, истакна Мери Бошкоска, проект менаџер на проектот.

Според организаторите основната цел на пректот била помовирање на историското наследство на Општина Прилеп од времето на НОБ преку користење на иновативни промотивни алатки. Преку проектот се сака да се постигне поголема туристичката промоција и поддршка на локалниот економски развој на Прилеп како и поголема промоција на музеите.

„Заедно со турите од 360 степени влегуваат и на google maps, за да може секој кој сака да направи една виртуелна тура по музеите“, рече Оливер Ангелески, Фан Продукција, реализатор на проектот.

Проектот е поддржан од Владата во рамките на програмата „30 години независност на Македонија“, а е имплементиран од Фан Продукција.