Балкан
7. October 2016 - 16:29

Компанија од Хонг Конг стана 100-отстотен сопственик на аеродромот во Тирана

Меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“ во Тирана е купен од инвестициската фирма  CEL, на инвестициската групација „Чајна Еворбрајт", од Хонг Конг, јавија американските медиуми.

Фирмата се стекна со 100 проценти од акциите на меѓународниот аеродром во Тирана, но не се даваат повеќе детали за договорот. 

Меѓународниот аеродром во Тирана од 2005 година го управуваше приватниот конзорциум - TIA, што доби 20-годишна концесија, која годинава беше зголемена за уште две години, до 2027 година.

Во овој период на управување TIA го зголеми бројот на патници од 600. 000 во 2005 година на 1,9 милиона во 2015 година, оперирајќи со 13 авиолинии на 26 дестинации.

CEL, формирана во 1997 година, е меѓународна инвестициска фирма на групата „Чајна Еворбрајт".