Бизнис
8. February 2017 - 20:32

Компаниите задоволни од поволностите за вработување кои ги нуди државата

Компаниите активно ги користат  државните мерки за вработување. Маркетинг  агенција од Скопје  сите триесетина  вработени ги ангажирала токму преку  Македонија вработува.  Задоволни од поволностите одлучиле да  ја искористат и мерката практиканство со која  дополнително ќе вработата уште 12 лица.

Државните мерки досега помогнаа голем број на невработени да дојдат до работно место.  Само со Македонија вработува еден,  вработени  се над 18 илјади лица во10 илјади компании

Вчера агенцијата за вработување отвори и  нов оглас за сите невработени кои сакаат да се обучуваат за масери, негователи на стари  лица, шминкери  и сметководители.  Во моментов овие професии се најбарани на пазарот на трудот.

Во земјава има над 200 илјади невработени. Најголем дел од нив или 142 илјади се на возраст од 25 до 49 години.