Бизнис
23. April 2019 - 16:37

Компаниите се жалат дека нема да можат да го издржат зголемувањето на надоместоци за концесија за експлоатација на минерални суровини

За колку ќе се зголемат надоместоците за концесиja за експолоатација на минерални суровини? Според предлог тарифникот кој го достави Министерствто за економија тие треба да се зголемат од 50 до 75%. За компаниите, ова покачување е преголемо и некои од нив нема да можат да го издржат.

Министерот за економија Крешник Бектеши во телефонски разговор за Сител вели дека ова е само предлог. Доставен е до комората за компаниите да можат да се произнесат по него. Ќе се бара решение кое ќе биде прифатливо и за Министерствто и за фирмите. Тоа ќе биде усвоено неколку месеци пред почетокот на следната година од кога ќе се плаќа новиот надомест, а со цел компаниите да можат да го имаат превдид новиот трошок во бизнис плановите за 2020 година. Она што е јасно, вели Бектеши е дека мора да има зголемување на надоместоците.

Од рударскиот сектор велат дека ако веќе има зголемулвање тоа да биде правично односно посиромашните компании да плаќаат помали давачки како што е пример во многу европски земји.

Од надоместоците што ги плаќаат компаниите за истражување и експолатација на минерални суровни годишно се собираат околу 9 милиони евра, поголем дел од овие пари завршуваат во општинските буџети.