Бизнис
30. May 2016 - 19:47

Компаниите од индустриската зона Визбегово бараат подобри услови за работа

Недоволно развиена инфраструктура, доцнењето со деталниот и со генералниот урбанистички план, долгите  процедури за добивање на одобрение за градба, се главните проблеми со кои  фирмите  во иднустрикста зона Визбегово велат дека веќе подолго време се соочуваат. Бизнсимените кои работата во зоната сметаат дека таа  има одлична местоположба, но  поради овие проблеми многу инвеститори се одлучуваат да инвестираа на други локации.

Од  Бутел една од општините  во чија надлежност е зоната за Сител посочија дека деталниот урбанистички план е во израбтока, главната траса на фекалната канализација е  пробиена. За нив  Визбегово е од голема важност и Бутел ќе продолжи да инвестира колку што се можностите. Велат дека деновиве на состаноците со  бизнсимените ќе ги чујат сите недостатоци  на кои во идина ќе се работи за нивно надминување.

Во зоната Визбегово има 185 компании, најголем дел  се домашни. Повеќето работат за домашниот пазар, а мал дел се  извозно орјентирани. Вкупното годишно производство во зоната изнесува околу 300 милиони  евра.