Бизнис
14. May 2019 - 16:19

Компаниите го испочитуваа договорот, цените на горивата исти на сите бензински пумпи

Речиси на сите бензиски денеска  се точи гориво по иста цена. Бензините поевтини за еден,  дизелот поскап за половина денар. Еуросупер 98  чини 73, а 95 ката се точи за 71 денар по литар. Дизелот  се продава по 64 денари за литар.  Граѓаните не забележуваат  драстични промени во цените, но сметаат дека  тие можат да бидат пониски.

 Од владата се задоволни што трговците  ги испочитувале препораките на регулаторната комисија , биле корекни во формирањето на цените и  не предизвикале ценовни шокови. Бензиските станици од денска самите ги формираат цените на горивата се додека не се донесе новата методолигија. Од РКЕ се надевата дека деновиве измените во законот  ќе добијат потпис и од 20 мај комисијата повторно ќе ги утврдува цените на дериварите. Според Анѓушев државата  поставува  највисок праг на цената, а компаниите сами ќе одлучат дали ќе одат со највисока маржа или ќе се откажат од поголема заработка.

Регулаторнат комисија  сеуште прави анализи за тоа колку ќе биде маржата за трговците. Тие бараа од сегашните 3,2 да изнесува 6 денари по литар.

Со новата методологија  во цената на горивата ќе се пресметува  трошокот на компаниите за набавка, складирање и транспорт до бензиските. Но повеќе нема да го има трошокот од 29 долари по тон кој и се признаваше на ОКТА. Цените на горивата наместо на две недели, регулаторна ќе ги утврдуваат на седум дена.