Бизнис
22. September 2022 - 19:31

Комисиската расправа за продолжување на рокот за енергетската кризна состојба продолжува утре

Во собраниската Комисија за одбрана и безбедност заврши денешниот дел од расправата за предлог-одлуките за подлжување на кризната состојба во енергетиката, која,  според најавите, ќе продолжи утре.

Комисијата втор ден расправаше за предлог одлуките за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на целата територија на државава заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија и за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија. Со предлог одлуките треба да се објави кризна состојба во периодот од 1 октомври годинава до 30 април следната година. Со тоа  ќе се овозможи продолжување на кризната состојба  во енергетската област, што со одлука на Влада стапи во сила од 1 месецов. 

Според пратениците од опозициската ВМРО -ДПМНЕ, причината за лошата состојба со електричната енергија во земјава се должи на недомаќинското работење и намалено производство на електрична енергија.

-Се повикувате на тоа дека имаме многу високи цени на светските берзи по мегават од час, меѓутоа имаме услови за домашно производство од домашните производни капацитети кои доколку се искористеле ќе сме немале потреба од увоз на електричина енергија и скандалоззни набавки, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Дејанчо Ефтимов.

Според него, стабилна состојба може да се постигне само со искористување на капацитетите и одговорност на надлежните.

-Ниту се посегнало кон план за надминување на оваа криза, ниту пак имаме никаков друг план освен пренамена на средства за што не добиваме детален извештај, каде овие средства се потрошиле. Енормно многу се краде енергија тоа значи дека во Македонија не функционира системот, оцени Ефтимов.

Марија Георгиевска од СДСМ во реплика посочи на погрешниот пристап односно, како што рече, на еднострано презентирање на податоците објавени преку Еуростат без притоа да се споменат другите фактори кои имаат влијание врз цената.

-Треба да имаме предвид дека секоја земја има различен енергетски систем фактори, колку од компаниите во земјите се на слободен пазар и колкава е таа портошувачка, дали земјата увезува и колкав процент на електрична енергика исто зависи од тоа како е спремен буџетот во дадената земја така да постапува, треба да се земе и ова предвид, бидејќи не се исти земјите со кои правиме споредба, така на пример Бугарија и Словенија имаат и нуклеарни централи и повеќе од 90 проценти електрична енергија бидејќи нашата земја со години наназад за 40 проценти е зависна од увоз. Да не се врзуваме спрема еден параметар, има фактори кои влијаат на формирањето на цената, не само кај нас туку и кај останатите не може да правиме еднострана споредба. Оваа криза не натера да ги погледнеме аномалоите кои треба во наредниот период да се следат и да бидат показател за да знаеме како да ги контролираме нашите акции и реакции, потенцира Георгиевска.

Пратеникот Ефтимов во контрареплика го повтори ставот дека во изминатите години требало да се зголеми наместо да се намали домашното производство што рече дека е причина што земјава во моментот е увозно зависна.

-ЕСМ во изминатите 10 години има намалуваење од 40 отсто, ако во овие десет години се зголемило производството, така ќе биле заштедени во буџетот енормни средства кои сега ќе можевме да ги алоцираат на други соодветно мерки кои ќе биле од помош за граѓаните, рече Ефтимов.

Додаде дека одговорното искористување на ресурсите ќе спречело многу компании да не се затворат секојдневно или да бидат на работ на егзистенција, намалувањето на стандардот на живеење, инфлација како и оптоварен систем на социјална заштита.

Видепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи непосредно пред завршување на расправата изрази разочараност од дискусиите помеѓу членовите на Комисијата во изминатите два дена.

-Сметам дека расправата од овие два дена не доликува на еден законодавен дом, да се упатуваат такви критики на луѓе кои не се присутни се недолични, бидејќи треба да расправаме како да се справиме со енергетска криза, а не дали некој е способен или не е способен, рече Битиќи.