Македонија
28. January 2016 - 8:41

Комисиска седница за случајот со фабриката за фалсификување лични карти, пасоши и други документи

Во Собранието на Република Македонија денеска треба да се одржи првата седница на Анкетната комисија за скандалот со фабриката за фалсификување лични карти, пасоши, афери и други документи.

Членовите треба да го усвојат Деловникот на Анкетната комисија и да постигнат договор за начинот како ќе работат.

За претседател на Комисијата беше избран Илија Димовски, потпретседател, Љупчо Димовски, а за членови Трајчо Димков, Благоја Деспотовски, Лилјана Кузмановска, Благица Ласовска, Андон Чибишев, Драган Данев, Талат Џафери, Ејуп Рустеми, Газменд Алији и Солза Грчева.

Пратениците од опозициските партии кои, исто така треба да имаат место во Комисијата најавија дека нема да учествуваат во нејзината работа.