Македонија
17. March 2021 - 16:47

Комисијата за заразни болести не сака да има последен збор за пописот

Дали ќе има одложување на пописот поради влошената епидемиолошка слика е политичка одлука, а не на Комисјата за заразни болести, тврди првиот човек на ова тело Караџовски. Недели наназад и Владата и министерот за здравство Филипче и од владејачките партии тврдеа дека за одржувањето на пописот последниот збор ќе го има токму Комисијата зависно од состојбата со корнавирусот.

„Комисијата за заразни болести направи предлог протокол и тој протокол го дадовме до Министерство за здравство и до Државниот завод за статистика, a понатаму дали ќе се одржува пописот или не, на кој начин ќе се одржува, е политичка одлука... Ако ме прашувате за епидемиолошката состојба да, се манифестира со зголемен број на заразени, но се уште може да се менаџира“

Од СДСМ велат политичката одлука е веќе донесена. Попис во април.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ коментираат дека ставот на Караџовски и власта е играње пинг-понг и префрлање на одговорност меѓу институциите.

Опозициската Левица пак, спроведува кампања да не се отвара и да се бојкотира пописот нагласувајки дека уставно загарантирана е неповредливоста на домот и дека попишувачите можат да влезат во становите без одобрение на домаќиност само со судска одлука.