Комисијата препорача да му се одземе имунитетот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања со пет гласа „за” ги усвои шесте барања од судот за одземање на имунитетот заради мерка притвор на Никола Груевски, пратеник и поранешен премиер, кој избега од Македонија и доби политички азил во Унгарија. На седницата не присуствуваше ниту еден пратеник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, чиј почесен претседател е Груевски.
Одлуките за барањата за одобрувања на мерката притвор ќе бидат испратени до претседателот на Собранието кој треба да закаже пленарна седница.
Претседателот на Комисијата Павле Богоевски изрази разочарување што, како што кажа, нашиот систем не го обезбеди Груевски за издржување на двегодишната казна за случајот „Тенк“. Побара одговорност и завршување на истрагата за бегството на Груевски.
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот