Македонија
26. October 2020 - 11:32

Комисијата не предлага радикални мерки но не се исклучува можноста рапидниот број да го промени тоа

Комисијата за заразни болести предлага да се отворат два нови оддели во болницата 8 ми септември каде може да бидат хоспитализирани болните од ковид-19.

„Имавме седница на главниот кризен штаб и сѐ уште немаме нови препораки кои подразбираат порадикални мерки. Но ништо не се исклучува рапидниот број на заразени може да го промени тоа во следните денови.

Од МВР најавуваат дека има засилени полициски контроли од страна на републичката полиција со цел почитување на мерките.