Македонија
2. December 2022 - 16:29

Комисија за заразни болести: Полните болници се резултат на олабавените Ковид мерки

Зголемениот број вирусни инфекции периодот се резултат на укинувањето на Ковид мерките, сметаат од Комисијата за заразни болести. Маските изминатите две години на некој начин го спречуваа вдушувањето на вирусите кои сега повторно доминираат. Претседателот на КЗБ вели дека респираторните симтоми периодов кај секој втор човек и полните педијатриски одделенија е очекувано.

- Во моментов навистина се исполнети педијатриските капацитети со пациенти со потешка клиничка слика. Не е загрижувачки, туку нормален тек по олабавување на мерките по ковид-пандемијата, изјави проф .д-р Александар Петличковски, претседател на Комсијата за заразни болести.

И додека Ковидот и понатаму е во затишје, се почести се компликациите од вирусот. На Клиниките за кардиологија и неврологија изминатиот период бележат драстичен број на пост Ковид пациенти. Дневно само во амбулантите на кардиологија евидентираат по над 400 прегледи.

-Најчесто пациентите доаѓаат поради симптоми на замор, малаксаност, градна болка, отежнато дишење или пак срцебиење, изјави д-р Валентина Андова, специјалист кардиолог на Клиниката за кардиологија.

- Најчести пост-ковид што пациентите ги пријавуваат кај нив се главоболка, вртоглавица, епилептични напади, промени во функционирање на централниот нервен систем, деменција, проблеми со периферниот нервен систем, изјави проф.д-р Гордана Китева -Тренчевска, специјалист невролог од Клиниката за неврологија.

И од кардиологија и од неврологија се категорични дека компликациите од Ковид кај вакцинираните се помалку изразени.