Комисија за заедничко управување меѓу Северна Македонија и Албанија со природното и културното наследство во Охридскиот регион
Mинистерот Едмонд Адеми вчера во својство на претседател на Националната Комисија за УНЕСКО, се сретна со министерката за култура, Елва Маргарити и министерот за животна средина, Бленди Клоси во Тирана, Република Албанија. На состаноците беше договорено формирање на меѓудржавно тело за заедничко управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион.
Министрите ја реафирмираа одлучноста на двете пријателски, соседни земји да ги исполнат препораките на УНЕСКО со цел долгорочно зачувување на нашето светско наследство. Министерот Адеми се сретна со претставници на Министерството за надворешни работи. На средбата беше заклучено дека следува формалното конситуирање на заедничката комисија.
Во тој контекст, Северна Македонија и Албанија ја интензивираат соработката на политичко и експертско ниво и заеднички ќе носат одлуки за зачувување на исклучителните универзални вредности на природното и културното наследство во Охридскиот регион.
Ново на Сител
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово