Комисија за односи меѓу заедниците од Куманово на трибина со младите
Комисијата за односи меѓу заедниците од општина Куманово денеска ја организираше првата трибина со младите. Како што информираше претседателката на Комисијата, Татјана Крстевска, годинава програмата ќе биде поразлична, односно активностите ќе бидат насочени кон градење соживот меѓу младите, начин на употреба на јазици, култура, едукација.
Крстевска појасни дека новина е што во четиринаесетчлената комисијата членуваат и претставници од хрватската заедница.
-Лани, акцент бил ставен на одбележување на празници на етничките заедници од градот, а годинава акцентот ќе биде ставен на употреба на јазиците, на културата, именување на улици, едукација на младите за соживотот помеѓу младите, употреба на грб и знаме на општината. Како комисија сме овластени да даваме свои предлози на седници на советот, рече Крстевска.
Претседателката на Советот на општина Куманово, Атина Мургашанска потсети дека во Советот веќе со години се употребуваат четири јазици на претставници на различни етнички заедници.
-Комисиите за односи меѓу заедниците се законска обврска за општини каква што е Куманово, но и доколку и не беше така со задоволство би формирале вакво надворешно тело, бидејќи со години наназад оваа комисија дава значаен придонес во релаксирање на ордедени тензии во некои периоди и во градење на подобри врски и концептот едно општество за сите, рече Мургашнаска.
Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, додаде дека улогата на Комисијата била клучна во изминатите периоди, потсетувајќи на 2015 година кога комисијата одржала бројни средби со граѓани од различни реони во градот, за надминување на проблемите.
-Куманово е Македонија во мало, мултиетничка средина, комисијата функционира со години наназад и целта е да разговара на теми кои ги обединуваат потребите на граѓаните. Има можности да се надополни со претставници од различни етнички заедници кои досега не се застапени, изјави Димитриевски.
Комисијата во идниот период ќе одржи серија трибини за подобрување на соживотот помеѓу младите.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово