Македонија
27. јуни 2019 - 16:46

Комисија ја истражува смртта на родилката- ќе даде ли вистински одговори?

Министерот за здравство не сака да коментира од што починала родилката од Охрид пред да се произнесе стручната комисија. Филипче вчера ги одредил членовите на комисијата меѓу кои има гинеколози и здравствен инспектор да направат целосна резвизија на случајот. Тие треба да утврдат дали има лекарски пропуст во медицинскиот третман на 29 годишната Марија Пупунцоска која почина минатиот четврток на КАРИЛ, 10 дена по породувањето во охридската болница.

Сеуште нема официјална информација ниту за првичните резултати од обдукцијата која је направена на Институтот за Патологија, иако според лабораториските наоди на скопска гинекологија се сомневале на СЕПСА и жената ја лекувале со тројна антибиотска терапија.

– Не сакам да коментирам ништо додека стручната комисија не направи увид во процесот на лекување на родилката во сите институции каде што била, рече Филипче посочувајќи дека за тие активностите ќе бидат потребни неколку недели, но потоа ќе има конкретни податоци, изјави д-р Венко Филипче, министер за здравство.

Инаку само во последните 2 години министерството за здарсвтво има формирано 10-тина комисии за стручен надзор за го испитаат третманот и лекувањето на пациенти кои починале. Меѓу нив беа и родилките од Кичево, Свети Николе и Гевгелија. Но, во ниту еден случај не беше утврдена лекарска грешка.

Последната декада лекари беа посочени за виновни за смртта на Маја Кадиева која почина пред 4 години за време на царски рез во гевгелиската болница. Овој случај доби судка разрешница.