Комисии ќе вршат проценка на штетата по невремето во Преспа
Стручни комисии ќе вршат проценка на штетата направена од синоќешното невреме што зафати дел од Преспа, одлучи советот на Општина Ресен на вонредна седница попладнево.
Градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски ги информирал советниците за состојбата на терен и врз основа на тоа го овластиле да формира стручни комисии кој ќе врпат проценки и редовно да го информира Советот во врска со настанатата штета.
Советниците донеле одлука да се обезбедат средства од општинскиот Буџет, за помош за основните потреби на населението, како вода, средства за хигиена, гориво за екипите на терен и слично.
Согласно одлуката на Советот треба да се објави јавен повик за пријавување на штетите од природна непогода, Општината да отвори жиро сметка за донации за оштетените, како и определување телефонски број и лице за контакт за пријавување на проблеми од природна непогода.
Во невремето од силен ветер, дожд и град што синоќа зафати дел од Преспа на потегот кон граничниот премин „Маркова нога“ најпогодени беа селата Штрбово, Наколец, Крани, Долно Дупени и Љубојно, а огромни штети претрпе и авто-капмот Крани.
Ново на Сител
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО
-
В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба останата од бомбардирањето на НАТО