Коми: Трамп од мене побара да ја прекинам истрагата против Флин
Поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, изјави дека американскиот претседател, Доналд Трамп, од него побарал да ја прекине истрагата за поранешниот советник за национална безбедност, Мајкл Флин.
Според соопштението поставено на сајтот на Сенатот, Коми навел дека Трамп му кажал дека му е потребна лојалност и дека ја очекува таквата лојалност, пренесуваат британските медиуми.
Коми денеска ќе сведочи лично пред Одборот на Сенатот за разузнавачки работи, пред кој ќе се потсети на вечерата на која бил со Трамп, на 27 јануари, една недела откако тој беше инаугуриран во шеф на државата, се наведува во соопштението.
Коми изјави дека во текот на вечерата Трамп го прашал дали сака да остане директор на ФБИ и дека се загрижил дека американскиот претседател се обидува да создаде „некој вид патронски однос“.
Во соопштението Коми додава дека тоа многу го загрижило, со оглед на фактот дека ФБИ има традиционално независен статус во извршната власт.
Поранешниот советник на американскиот претседател за национална безбедност, Мајкл Флин, на Одборот за разузнавачки работи на Сенатот ќе му предаде документи во врска со истрагата за наводната вмешаност на Русија во претседателските избори во САД во 2016 година.
Американските медиуми кон крајот на мај наведоа дека согласноста на Флин на соработка е првиот знак дека тој и одборот на Сенатот нашле заеднички јазик.
Претходната недела, лидерите на републиканците и демократите во Одборот за разузнавачки работи на Сенатот на САД сооопштија дека се разочарани што Флин го одбил нивното барање за интервју, како и дека се согласуваат со судскиот налог со кој од него се бара да поднесе документи во врска со истрагата.
Ново на Сител
-
Студентите не можат да ги искористат можностите во целост бидејќи Македонија не ги следи европските трендови
-
Македонија со најмал број студенти по новинарство во регионот, преку проекти се нуди решение за проблемот
-
Србија на нозе, втор ден се трага по 2 годишната Данка
-
Преглед на вестите од светот
-
Централна прослава за членството во НАТО
-
Тошковски: Сериозно сум загрижен за изборниот процес
-
Азески: Нема да дозволиме да не лажат политичарите
-
Мицкоски: Ќе намалуваме даноци но прецизно ќе ги наплаќаме