Комерцијална банка донираше 6.150.000 денари и заштитни маски за Министерството за здравство
Комерцијална банка АД Скопје обезбеди парична донација во износ од 6.150.000 денари и дополнителна заштитна опрема (34.250 медицински заштитни маски за лице) во вредност од 1.200.000 денари за потребите на Министерството за здравство, со цел да им помогне на здравствените работници во справување кризата предизвикана од коронавирусот.
Од Банката информираат дека паричните средства се префрлени на посебна наменска сметка на Министерството за здравство на Република Македонија, а се наменети за справување со заканата по јавното здравје произлезена од епидемијата со коронавирусот Ковид-19. Доставени се и медицинските маски за заштита на здравјето на здравствените работници, кои во борбата за зачувување на јавното здравје се најизложени на ризикот од коронавирусот.
-Борбата со коронавирусот е наша заедничка обврска и предизвик против кој ќе треба да се спротивставиме со сите сили и капацитети. Затоа Комерцијална банка, како докажана општествено одговорна компанија, од самиот почеток на актуелната криза презема соодветни мерки и активности, пред се, за заштита на здравјето на клиентите и на вработените, а и за несебична поддршка на здравствените институции кои ја водат најтешката борба. Само со лична и корпоративна одговорност на ниво на цела држава ќе успееме да се справиме со заканата што ја наметна Коронавирусот, наведуваат во соопштението.
Ново на Сител
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година