Кошарка
18. јуни 2016 - 16:09

Комбинираниот тим на Македонија подобар од Белорусија

Втора победа на нашиот комбиниран тим на турнирот во Кина. Во натпреварите за пласман од 5 до 8 место на турнирот во Сужоу „црвено-жолтите“ славеа победа над Белорусија од 72-65.
Избраниците на Драган Раца го остварија вториот триумф. Денеска со одлична и дисциплинирана игра во текот на сите 40 минути остварена е заслужена победа над селекцијата на Белорусија со 72-65, полувреме 39-28.
 
По еден натпревар одмор поради ситна повреда во тимот се врати и младиот бек на МЗТ Скопје А. Адем Мекиќ, но на дуелот против Белорусија недоставуваше повредениот крилен кошаркар Хауард.
 
Најефикасни кошаркари на денешната средба во редовите на црвено жолтите беа Тимс со 19, Вудс со 18 и Варда и Њубери со 15 односно 10 поени, капитенот Младеновски  мечот го заврши со 8 постигнати поени. 
 
Утре нашиот тим во мечот за 5 место ќе игра против победникот од дуелот меѓу Јапонија и САД.