Македонија
13. July 2018 - 19:36

Комбинатот Фени уништи 590 парчиња неупотребливо оружје на МВР

590 парчиња оружје беа уништени денеска во ФЕНИ Индустри, по повод Светскиот ден за борба против малото и лесно оружје. Во печката на кавадаречкиот комбинат завршија неупотребливи и целосно уништени пушки, пиштоли, полуавтоматски, автоматски и воздушни пушки, коишто биле користени во разни единици на МВР.

Министерот се заблагодари на менаџметот на фабриката што целата акција ја спроведуваат бесплатно, во интерес на државата.

Секогаш кога можеме и кога е потребно, компанијата ќе работи заедно со институциите на системот, истакнаа од Фени Индустри.

“ФЕНИ Индустри работи, произведува и постигнува нови завидни резултати и во периодов додека стечајната постапка е во финална фаза“, се вели во соопштението од директорот Кујунџиев.