Свет
20. јуни 2021 - 12:58

Комбе влета меѓу учесниците на ЛГБТ парада на Флорида, едно лице загина

Едно лице загина, а едно е повредено во американската држава Флорида кога комбе влета меѓу учесниците на Парадата на гордоста, соопштија денеска локалните власти во САД.

Инцидентот се случи на почетокот на парадата на симпатизерите на ЛГБТ заедницата во градот Вилтон Менорс, на југоистокот на Флорида.

Засега не е познато дали комбето, кое делувало како дел од поворката, намерно влетало во толпата или станува збор за несреќен случај, соопшти локалната полиција, која го уапси возачот.