Македонија
21. April 2019 - 18:22

Комбе кружи во Ѓорче и преку разглас повикува на бојкот

Kомбе кружи во скопската општина Ѓорче Петров и преку разглас ги повикува граѓаните да ги бојкотираат изборите, пишува Плусинфо.

Случајот е пријавен и во МВР од каде испратиле екипа да провери на терен и да потврди дали има такво нешто, по што ќе се преземаат соодветни мерки и активности.

– Во полиција е пријавено дека во 14.35 часот на улицата „4 јули“ кон Ѓорче Петров 2, се движи сино комбе, со непозната марка и непознати регистрации, од кое преку разглас на македонски јазик се повикува да не се излегува на гласање. Се преземаат мерки и активности за потврдување на пријавата – велат од МВР за Плусинфо.