Македонија
13. September 2018 - 10:24

Комбе излета од патот Прилеп-Кичево и удри во дрво - возачот почина на пат кон болница

Вчера во 12.05 часот на регионалниот пат Прилеп-Кичево, во атар на село Русјаци, товарно возило „Фиат Дукато“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.З.(60) од село Самоков-Македонски Брод, излетало од патот и удрило во дрво.

На пат за болницата во Прилеп, Р.З. им подлегнал на повредите, а сопатникот С.А. (18) од село Ковач-Македонски Брод бил пренесен во Медицински центар Кичево, каде му биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Македонски Брод. 

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.