Македонија
23. јуни 2021 - 9:00

Командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за Европа, генералот Тод Волтерс во Скопје

Командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за Европа, генералот Тод Волтерс, денеска, ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Како што соопшти Министерството за одбрана, врховниот командант на сојузничките сили за Европа, генералот Волтерс, ќе има официјални средби со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и со началникот на Генералштабот на Армијата, генералот Васко Ѓурчиновски.