Свет
25. August 2016 - 8:21

Колумбиските власти и бунтовниците постигнаа историски договор

Владата на Колумбија и левичарските бунтовници соопштија синоќа дека постигнале договор за прекин на последната голема герилска војна во Јужна америка.Со тоа отворија ново поглавје за државата по судирот што траеше повеќе од 50 години.

Изминатите недела дена двете страни работеа на утврдување детали од договор со кој колумбиската Влада се обврзува да спроведе агресивна аграрна реформа, да ја реформира својата стратегија за борба против наркотици и да почне да дејствува во традиционално занемарените области во државата.

Договорот мора да се ратификува на референдум.

Во судирите во изминатите повеќе од 50 години во Колумбија загинаа повеќе од 220.000 луѓе. Повеќе од пет милиони мораа да ги напуштат своите домови.

Герилската марксистичко-ленинистичка организација ФАРК водеше оружена борба против властите во Колумбија од 1964 година. Главни цели и беа поголеми права за фармерите и борба против имеријализмот. Преговорите почнаа во Хавана во 2012 година.