Колумбискиот претседател овогодишен добитник на Нобеловата награда за мир
Претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос е овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир, соопшти Норвешкиот нобелов комитет, кој го доделува ова престижно одликување.
Наградата на Сантос му се доделува поради „неговите непоколебливи напори за прекин на 50-годишната граѓанска војна во Колумбија“, нагласи Комитетот.
Сантос одигра водечка улога во склучувањето на мировниот договор со бунтовниците од Колумиските револуционери вооружени сили (ФАРК). Со договорот се стави крај на војната меѓу колумбиските власти и бунтовниците.
Церемонијата на потпишување на документот се одржа на 26 септември во колумбискиот град Картагена.
На 2 октомври Колумбијците гласаа на референдум за тоа дали го прифаќаат или отфрлаат мировниот договор. Притоа договорот беше отфрлен со мала разлика.
- Претседателот Сантос ги почна преговорите кои завршија со мировен договор меѓу колумбиската влада и ФАРК и постојано се стремеше да го придвижува напред мировниот процес, се вели во аргументацијата на Нобеловиот комитет.
- Фактот дека мнозинство на референдумот рекоа „не“, не значи дека мировниот процес е мртов, додава Нобеловиот комитет.
- Наградата е за колумбискиот народ, кој придонесе за мировниот процес и за оние безбројни жртви од граѓанската војна во Колумбија, нагласува Комитетот.
Нобеловата нагрљада за мир е во вредност од 930.000 долари. Церемонијата на врачување ќе биде во Осло на 10 декември.
Ново на Сител
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот