Свет
27. јуни 2016 - 21:20

Колумбија: При пад на хеликоптер загинаа 17 војници

Во централниот планински дел на Колумбија се урна хеликоптер М-17, при што загинаа 17 војници.

Како што се наведува во соопштението на колумбиската војска, првата претпоставка укажува на тоа дека несреќата е поврзана со лошите временски услови во тој регион.