Свет
2. May 2016 - 10:37

Колумбија го екстрадира уапсениот наркобос Галвес

Колумбија под исклучителни мерки за безбедност го екстрадира вчера перунскиот наркобос, Херсон Галвес, кој беше уапсен во саботата во Меделин.

Тој е екстрадиран по помалку од 24 часа, бидејќи немал миграциски документи, соопштија колумбиските власти.

Началникот на перуанската полиција генерал Висенте Ромеро лично пристигнал во Богота за да го набљудува депортирањето на Галвес. 

Властите на Перу нудеа награда од 150 илјади долари за информација, која ќе доведе до негово апсење.