Македонија
16. July 2018 - 8:47

Коловозите влажни, можни одрони кај клисурите

 Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. На патните правци надвор од градските средини интензитетот на сообраќајот е зголемен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информира АМСМ.

Поради влажноста на коловозите се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците е можна појава на одрони, особено на патните правци Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково