Македонија
19. August 2022 - 16:37

Колони возила на патарината ,,Миладиновци“ - ЈПДП најави реконструкција до крајот на годината

Застој и гужви на првата наплатна патарина Миладиновци при излез од Скопје. Во ек на туристичка  сезона, кога е зголемена фрекфенцијата на возила на патиштата низ земјава, возачите се принудени да чекаат при екстремно високи температури како денешните.

Оваа патарина го поврзува Скопје со Куманово, а преку новиот автопат за Штип со цела источна Македонија. Возачите бараат дополнителни кабини за наплата, со се цел побрзо да се поминува оваа рампа,  бидејќи  поврзува  повеќе автопати. Од Државни Патишта велат дека овој патен правец во летниот период е пофреквентен од вообичаено и затоа можно е незначително чекање на наплатната станица Миладиновци. Но,  реагираат веднаш за намалување на метежот, вршат реорганизација на кабините, односно ги отвораат оние кабини каде има повеќе гужва и се ставаат на располагање сите капацитети.

За да нема застој и да се скрати непотребното чекање, од Државните патишта велат дека почнаа со електронска  наплата низ цела држава, а проблемот со патарината Миладиновци  ќе се реши до крајот на годината. Исто така, најавуваат дека оваа наплатна рампа ќе се прошири во двата правци со по уште една кабина.