Македонија
31. July 2016 - 16:34

Колони возила на граничните премини и наплатните рампи - се бара место повеќе во туристичките центри

Гужва на границите за влез и излез од државата. Туристи ги наполнија  автопатите во МАкедонија а колоните на некои  гранични оремини  се километарски. Ако патувате во Грција за пасошка контрола ќе чекате и до 1 час, нешто помалку задржување има на Табановце и Деве Баир. Иста е сликата и за влез во Македонија, голем број странски туристи патуваат за Охрид или некое од другите туристички места. Ред се чека и на патарините. Околу пладне камерата на сител забележа колона кај наплатната рампа Романовце. Дел од возачите нервозни, дел среќни велат топло е и нервозни се но кога ќе стигнат до посакуваната дестинација на се ќе заборават.

Дел од патниците беа романци, дел срби, но имаше и унгарци, австријци, германци и данци. Гужва имало и по пат во другите земји низ кои минувале, особено многу чекале на границата со Унгарија и Србија но и Хрватска. Истото велат ги чека и за влез во Грција но и тоа е дел од патувањето.

Во ек на сезоната на одмори гужви по патиштата нема само  за викенд па затоа од автомото сојузот  препорачува внимателно возење, прилагодена брзина и почитување на сообраќајната сигнализација. Поради високите темперури предупредуваат да се патува во раните утрински или вечерните часови да се прават почести одмори и да не се конзумира алкохол. Градежни работи има на патниот правец Гостивар – Кичево  на 2 км пред планинскиот премин Стражa и сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Се работи на патот  Велес - Скопје пред наплатната станица, Битола – Макази , делницата Смоквица Гевгелија, а на патниот правец Скопје Миладиновци  Куманово се вози преку автопатот Куманово Велес до клучката кај аеродромот до приклучокот на автопатот Велес Куманово.