Македонија
4. јуни 2020 - 18:36

Колони на наплатните рампи за излез од Скопје

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини попладнево е зголемен, соопшти Автомотосојузот на Македонија. Метеж има на сите наплатни рампи на излез од Скопје, како и на наплатните рампи кон Тетово и Гостивар.

Во извештајот за состојбата на патните правци од 18 часот, АМСМ соопштува и дека попладнево е  нормализиран сообраќајот на патниот правец Штип – Радовиш кај Пилав Тепе.