Колони на чешко-германската граница поради новите мерки против коронавирусот
Германската полиција денеска информира дека колони автомобили и пешаци ја преполниле чешко-германската граница, откако Германија ја прогласи Чешка за земја со висок ризик, што значи дека за влез во земјата треба да се има негативен тест за коронавирус.
Американските медиуми пренесуваат дека стотици автомобили формираа колони на премините Валдмунхен и Фирт во Валд, а се наведува дека редиците ги направеле чешките граѓани кои работат во Германија.
Од вчера за влез од Чешка во Германија на самата границата потребно е да се покаже негативен тест за коронавирус, не постар од 48 часа, додека оние кои не работат во Германија мора да заминат во изолација 10 дена.
Поради зголемениот број барања, Чешка ќе го зголеми својот капацитет за тестирање на граничните премини.
Најавено е дека чешкиот премиер Андреј Бабис за ситуацијата на границата ќе разговара со неговиот баварски колега Маркус Седер.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот