Македонија
22. November 2019 - 16:40

Колку заработувала Катица Јанева?

Советот на јавни обвинители нема да преземе мерки против Русковска. Ги разгледале нејзината изјава напишана на неколку страници и дописот од Апелациониот суд, но велат дека немаат надлежност за утврдување одговорност.

„Советот нема такви законски ингеренции. Доколку има одговорност, постапката ја покренува државниот јавен обвинител“, инфомира јавнообвинителскиот совет.

Отчет за пораката со заканувачка содржина, Русковска доставила и до државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, кој советот го посочи како единствен што може да побара отворање дисциплинска постапка.. Тој, пред два дена ја одбрани Русковска.. Во писмено соопштение напиша дека реакцијата била резултат на моментално разочарување по одредениот домашен притвор за Катица Јанева.

Во меѓувреме, Министерството за финансии ги објави дополнителните приходи на поранешната специјална обвинителка.. Освен плата, Јанева добивала уште додатоци за доверливост и кирија.. Обвинителката за ова зела вкупно 157 илјади евра. Најмногу пари или месечно по 250 илјади денари, Јанева добивала за доверливост дека ќе молчи за тоа што слушнала во снимените разговори.

Инаку неодмна екс обвинителката Јанева побара апанажа односно уште една година плата како поранешен функционер..