Живот
16. February 2017 - 9:59

Колку заработуваат порно ѕвездите

Дерек Хеј, основач на ЛА Дајрект Moделс, агенција којашто застапува голем дел од попознатите порно глумци и глумици за „Индепендент“ открива зошто тие влегуваат во порно-индустријата, колку заработуваат и од што тоа зависи...

Имено, тој вели дека хонорарот зависи од тоа што се се подготвени глумците да направат пред камера. Стандардна сцена, која вклучува еден маж и една жена, чини околу 1000 долари. Доколку пак, сценариото вклучува само две дами, цената е малку пониска – 700 или 800 долари. Тарифите варираат и до 20 отсто, ако се работи за некој од попознатите актери и агентите успеат да им ја покачат цената.

За оние понеобичните сцени, сумата е значително повисока.

- Ако една девојка се согласи да биде снимена со неколку партнери или во некаков „не така традиционален“ акт, ќе добие и повеќе пари. Тука тарифите се движат меѓу 2.000 и 6.000 долари за една сцена. Многу ретко се случува некој да плати повеќе од 6000, вели Хеј.

Според него, заработката зависи и од надворешниот изглед на глумците, како и од агенциите кои ги застапуваат.

- Ѕвездите од порно филмовите не се дотолку богати, колку што луѓето си мислат. Дури и најпознатите ѕвезди не заработуваат повеќе од половина милион долари за една година, додава агентот.