Македонија
1. September 2020 - 21:41

Колку училишта не ги исполнуваат основните хигенско-санитарни услови за настава?

14 училишта во државата не ги исполнуваат санитарно - хигиенските услови за одржување настава со физичко присуство. Ова го утврдиле инспекторите од ДСЗИ за време на вонредните инспекциски надзори изминатите 3 недели. Забелешките најчесто се однесувале за тоалетите во овие воспитно образовни установи. Има и во рурални и во градски средини.

-ДСЗИ изврши 254 вонредни инспекциски надзори во исто толку основни и средни училишта ширум државата. Издадени се 14 решенија за недостатоци од областа на санитарно – технички услови. Најчесто станува збор за корекции кои треба да се извршат во тоалетните чворови, изјави за Сител д-р Ирина Сотирова Бухова, директор на ДСЗИ.

До крајот на месецот ДСЗИ повторно ќе изврши контрола дали училиштата кои добиле решенија ги поправиле недостатоците. Во меѓувреме надзори ќе бидат направени и во останатите околу 300 училишта, а со почетокот на школската година  инспекорите ќе контролираат и дали се почитуваат здравствените протоколи каде ќе има настава со физичко присуство.

Од наредната среда пак и градинките уште од самото отворање ќе бидат под надзор на инспекторите од ДСЗИ дали ги почитуваат здравствените протоколи.